ЗДРУЖЕНИЕТО НА СООБРАЌАЈНИ ИНЖЕНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА (ЗСИМ) е здружение со долга традиција во кое сообраќајните инженери, доброволно пристапиле заради остварување на нивните цели, дејности, заштита на права во согласност со уставот и законите.
Целта на ЗСИМ е проектиран резултат или состојба во кои треба да се обезбедат можности, неговите членови да го подобрат својот општ и општествен статус, како во однос на струката и стручниот кадар од овој профил, така и во однос на останатите сродни струки и стручни кадри од други профили во земјата и во странство.
ЗСИМ делува во насока на подобрување на законската регулатива согласно европските нормативи во областа на сообраќајот преку обезбедување на транспарентно и јавно изработување на правните акти со активно вклучување на членовите на ЗСИМ.
Членовите на ЗСИМ се експерти од најразлични области од сообраќајот и транспортот, кои решаваат најразлични сообраќајни проблеми во населените и надвор од населените места, без кои не може да се замисли секојдневното живеење.