Членувањето во Сојузот е доброволно.
Основачите се членови на Сојузот со еднакви права и одговорности, како и другите членови на здружението.
Физичко лице може да биде член на Сојузот доколку ги исполнува законски пропишаните услови за членување во Сојузот и доколку:
- по својата стручност и образовен профил припаѓа на сообраќајната струка;
- има работни, стручни, научни и други искуства на полето на сообраќајот и сообраќајното инженерство;
- ги познава, прифаќа и се согласува да работи на остварувањето на утврдените цели на Сојузот, и со своето лично залагање може да даде соодветен придонес за нивно остварување согласно законските прописи и актите на Сојузот.
Член во Сојузот може да биде и правно лице.