На ден 30.01.2021 год. (сабота) со почеток во 11:00 часот на оn – line платформа google meet се одржаа две гостувачки предавања.
Теми на гостувачките предавања беа:
- Сообраќајна анализа базирана на видео запис. Гостин – предавач на оваа тема беше:
– Проф. д-р Зоран ИВАНОВСКИ, ФЕИТ Скопје. - Паметна патна сигнализација и smart city решенија. Гостин – предавач на оваа тема беше:
– Виктор АНТОВСКИ, DMV Ниш – Србија.
Овие предавања овозможија размена на искуства, можни решенија на практичните проблеми, препораки за употреба на ваквата технологијата и дефинирање на нивото на потребниот квалитет на нивната практична примена. Преку овие предавања и меѓусебната размена на искуства во оваа област и осознавање на можните решенија ќе се овозможи унапредување на знаењата и подигнување на нивото на стручност на сообраќајните инженери.