На 11.11.2020 на Техничкиот факултет – Битола се одржа Првата студентска конференција „Техниката и урбаниот развој-ТУР“ на која ЗСИМ учествуваше како поддршка на студентите и науката. Станува збор за студентска научна конференција, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на науката.
Главна цел на конференцијата беше подигнување на степенот на научноистражувачка работа кај студентите, подигнување на нивната свест за глобалните промени и потреби, а со создавање способност за анализа, синтеза, извлекување сознанија за одредена проблематика да се влијае и врз професионалниот и врз личниот развој на студентите, и да се стекнат со искуство за донесување соодветни решенија како идни инженери.